
| Свечено доделување на Повелбата на Република Македонија на Вилхелм Науснер |
|
|
| Friday, 26 December 2008 14:52 |
|
На свеченото предавање на Повелбата присуствуваше делегација на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија, во состав: Епископ, д-р Патрик Штрајф, господин Вилхелм Науснер, госпоѓа Хелене Науснер, проповедник Михаил Цеков,проповедник Зора Вучкова, суперинтендентот Вилфрид Науснер и госпоѓа Џин Науснер. На Свеченоста присуствуваа и поглаварите на црквите и верските заедници во Република Македонија: Македонска православна црква, г.г. Стефан, Исламската верска заедница, Реис ул-Улема Сулејман еф.Реџепи и Католичка црква, бискуп д-р Киро Стојанов.
|






На 09.10.2008 година во 14.30ч. во една од салите на Собранието на Република Македонија, Претседателот на Република Македонија Н.Е. г-дин Бранко Црвенковски, на Суперинтендентот Вилхелм Науснер му ја додели ПОВЕЛБАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА за посебни залуги во хуманитарната активност и за градење пријателство помеѓу Република Македонија и Република Австрија 

