Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Велигденска проповед PDF Print
Sunday, 19 April 2009 23:41

 

Ев. Лука 24, 1-12; Посл. Филипјани 2, 8-11
                                             
 
Почитувани читатели,
 
            -Во Првиот ден на Седмицата, многу рано, тие дојдоа на гробот, носејќи ги приготвените мириси, а заедно со нив беа и некои други луѓе, но плочата на гробот ја најдоа превртена. И како влегоа, не го најдоа телото на Господа Исуса. И додека се чудеа на тоа, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки, тие се уплашија и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа:
 „ Зошто Го барате живиот меѓу мртвите? Тој не е овде, тој воскресна, сетете се што ви рече, кога беше уште во Галилеја, велејќи, дека Синот Човечки треба да биде предаден на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да воскресне.
           И се сетија на Неговите зборови. Па штом се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесетте, а и на сите други луѓе. А тоа на апостолите им го кажаа Марија Магдалена, Јоана и Марија Јаковова, како и другите луѓе што беа со нив. Но нивните зборови, им изгледаа како лага, и не им поверуваа.
Така Петар стана и отиде бргу до гробот и кога се наведна, го виде внатре само покривот и се врати, чудејќи се сам во себе за она што станало.
 
            Каменот од гробот е отргнат, смртта е победена. Оваа историја го разрушува целокупното човечко традиционално размислување.
            Според таквото навикнато размислување поробениот народ, останува поробен. Кој ќе настапне врз морската површина, ќе пропадне. Силниот, триумфира над слабиот. Мртвиот, останува мртов.
 
            Но сепак, овде и денес тоа е поинаку: Поробениот народ е слободен.
 
            Еден немоќен, бедник на крстот, триумфира над сите моќници и еден човек одново доаѓа и не повикува: „ Дојдете одново човечки чеда! “ (Псалм 89).
 
           Тој Воскресна!
 
            Тој, Кој зборувате дека е Бог, се изнесе на видело.
            Тој воскресна – едно Слово како едно море, врз кое не може да се оди. Едно Слово, кое како вода се лизга низ нашите раце. Човек, не може да види што се крие позади тоа, што значи тоа.
 
            Дали Тој е овде, едно тело со очи кои не гледат? Едно тело облечено како ние?
 
            „Тој не е овде, Тој воскресна!“
 
            Тој не е овде, таков е одговорот на ангелите.
            Тој, не е овде кај нас, се додека ние сме врзани со мислите за смртта.
   
            Се додека ние размислуваме: „Кој ќе го одтргне каменот од гробот?“ Ние не сме свесни дека тој е веќе оттргнат.
            Ние често сме робови, затвореници на нашиот ограничен хоризонт, на нашиот материјалистички блесок ...
            Тој, не е овде – Тој, Кој велете дека е Бог. Нека Нему да Му дозволиме се да изнесе на видело. Каква корист ние имаме од Неговото Име?
           
Апостол Павле вели: „Па затоа и Бог, високо го издигна и Му даде Име, што е над секое име“.
 
            Самото име, ништо не ни помага. Ние илјадници пати можеме да викаме Исус, Исус, тоа ништо не ни помага. Така Тој нема да се покаже. Затоа е потребна една голема и длабока желба.
           
Желба да се запознае, каков е, како Тој се однесува, како Тој се појавува во животот на еден човек. Затоа , за да го разбереме одново ни се потребни старите истории. Старите библиски илустрации. Илустрациите и знаците на спасението.
 
            Исус на безнадежните случаи им подари живот со иднина. Тој спасуваше луѓе кои не можеа да се одбранат и Тој ја победи смртта преку своето Воскресение.
 
            Исус, никогаш не обрнуваше внимание на Своето Име, Својата титула. Тој речиси и анонимно зборуваше за Човечкиот Син, Кој ќе пострада, Кој ќе умре и во третиот ден ќе Воскресне. Тој, никогаш не се трудеше да се прослави преку Своето Име. Тој остана само послушен.
           
Да, навистина, послушноста, не е баш модерен збор. Тој остана до крај послушен. Тој остана на реалната Божја основа.
            И кога изгледаше така, како ништо пред себе да не гледа, дека , се е изгубено и дека е напуштен од сите, Тој, остана послушен на Својот Отец, небесен. Остана послушен, дури до самата смрт. Но Бог, одново Го оживеа. Тој одново се појави. За тоа сведочат едно мноштво на луѓе, сведоци кои Го видоа Воскреснатиот Христос.
 
            Тој не е овде, Тој воскресна.
            Тој е таму, каде ние ја напуштаме нашата безнадежност, нашето гордо зборување: „ Тој не може ништо да ни даде. Се е исто. Нема иднина. Смртта си останува смрт!“
 
            Таму, каде ние го напуштаме, нашето, човечкото, и се доверуваме на Бога, тогаш доживуваме едно чудно искуство:
           
            „Тој Воскресна! ДА, навистина Тој воскресна!“
 
Да, Бог не е само стварноста. Бог е и возможноста.
Поетот Мусил, го напишал следното: „При Бога приоѓаат се уште не рабудените возможности!“
Тоа го мисли Библијата кога ние во близината на Бога доживуваме чуда.
           
Псалмистот вели: (во Псалм 113):
            „Кога Израил излезе од Египет. Морето виде и избега, Јордан се врати назад. Горите се разиграа како овни, а ридчињата како Јагниња. Што ти стана тебе море, па бегаш, и тебе, Јордане, па назад се враќаш? Вие брда и падини... што е со вас? Нашиот Бог е горе на небото, на небесата и на земјата и врти се што сака.“
 
            Возможностите Божји се покажуваат на сите страни, тука се и во капината која гори, во пустињата и на Синај, пред морето и во планините на Израил.
            Чуден предел, Мртвото море најниската точка на земјата, така неплодно, но сепак исцелително. А потоа Ерусалим, Светиот град на мирот, но сепак, секогаш опфатен од војни, неправди, разбојништва и разрушувања.
 
            И помеѓу сето тоа, еден празен крст, еден празен гроб, еден Воскреснат, еден Бог, Кој е видлив, без злато, но со рака која е подготвена да помогне и да ослободи. И тоа за секој, кој има храброст да Му се довери.
 
            „Секој кој доаѓа при Мене, нема да го отфрлам.“ Тоа е одговорот на Воскреснатиот.
 
            Тоа е еден нов тон во Божјата историја.
            Тоа е новото Име, исполнето со човечност и милосрдие, лице исполнето со еден милозлив поглед, очи кои не охрабруваат, уши кои ги слушат нашите повици и молитви, раце кои се раширени и нозе кои се приближуваат кон нас.
 
            Тоа не е никаков идол, никаква фатаморгана или пак некоја приказна од 1001 ноќ, туку тоа е Новото и тоа се однесува за секогаш. (Евреи 7)
 
            А тоа е: Исус Христос – Господ. „Исус“ значи „Бог помага“.
            Да навистина Тој помогна.
 
 
            Тој ни помага и на нас.
            Но прашањето е: Дали ние, Му дозволуваме Тој нам да ни помогне?
 
            Ако ние, на Воскреснатиот Му дозволуваме да ни помогне, тогаш и кај нас невозможното ќе, стане возможно!
 
            Тој не е тука, Тој воскресна. Тој е жив Да, Тој навистина воскресна.
 
            Амин.
 
            Михаил Цеков
            Надзорен проповедник
 
top