Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
МЕЃУРЕЛИГИСКА СРЕДБА PDF Print
Tuesday, 16 June 2009 16:17
На 26.05.2009 год., во посета на Евангелско-методистичката Црква во Струмица, беа професори и студенти од Богословскиот Факултет на Македонската православна Црква во Скопје, професори и студенти од Исламскиот Факултет на Исламската верска заедница во Скопје, како и претставници од Католичката Црква и Еврејската заедница во Република Македонија.
При оваа средба, тие најпрво ја посетија Евангелско-методистичката Црква во Струмица, каде што надзорниот проповедник Михаил Цеков ги пречека и ги запозна со работата на Црквата. Потоа имаа можност да се запознаат со активноста на „Мис Стон Центар“. Исто така добија можност да ја посетат и Катедралата на Католичката Црква во Струмица. На крај уживаа во Божјите природни убавини.
Овие меѓурелигиски средби, се особено значајни за запознавање со верските објекти, со нивната историја, со историјата на верските заедници, како и за подобро меѓусебно запознавање и комуницирање.














































































 
top