Representatives from the Methodist Church in Britain visit
Tuesday, 02 June 2009 16:19
From April 30 until May 4, 2009, representatives from the Methodist Church in Great Britain visited the United Methodist Church in the Republic of Macedonia. They were vice president Richard Vautrey with his wife Ann Vautrey, accompanied by Colin Ride, Area Secretary for Europe.
Како и секој Велигден, така и овој, неизоставен дел од активностите на нашата црква, беа и децата. По тој повод, на првиот ден од Велигден (19.04.2009 год. - недела), со почеток во 18 часот, се одржа Велигденска Богослужба на која што свое учество зедоа и децата. Тие својата љубов кон Бога ја покажаа преку претставата што ја имаа подготвено, песните што ги пееја, како и преку стиховите што ги имаа научено напамет. Секако на оваа богослужба, неизоставен дел беа и возрасните, кои што со восхит и задоволство ги гледаа помладите Христови следбеници.
Нека ни е за многу години празникот Велигден и да ги учиме и помладите да се радуваат на него.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!
Велигденска проповед
Sunday, 19 April 2009 23:41
Ев. Лука 24, 1-12; Посл. Филипјани 2, 8-11
Почитувани читатели,
-Во Првиот ден на Седмицата, многу рано, тие дојдоа на гробот, носејќи ги приготвените мириси, а заедно со нив беа и некои други луѓе, но плочата на гробот ја најдоа превртена. И како влегоа, не го најдоа телото на Господа Исуса. И додека се чудеа на тоа, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки, тие се уплашија и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа:
„ Зошто Го барате живиот меѓу мртвите? Тој не е овде, тој воскресна, сетете се што ви рече, кога беше уште во Галилеја, велејќи, дека Синот Човечки треба да биде предаден на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да воскресне.
И се сетија на Неговите зборови. Па штом се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесетте, а и на сите други луѓе. А тоа на апостолите им го кажаа Марија Магдалена, Јоана и Марија Јаковова, како и другите луѓе што беа со нив. Но нивните зборови, им изгледаа како лага, и не им поверуваа.
Така Петар стана и отиде бргу до гробот и кога се наведна, го виде внатре само покривот и се врати, чудејќи се сам во себе за она што станало.
Тоа беа зборовите, кои што утрово одекнаа на свечените Богослужби, кои што се одржаа низ сите наши заедници, по повод големиот христијански празник – Велигден. Низ сите наши заедници, овие богослужби беа исполнети со радост. Покрај тоа што имавме можност да го слушнеме Велигденското слово, добиваме можност да ги слушнеме и песните подготвени од различните хорови во нашите заедници.Се радуваме поради тоа што можеме да благодариме на Бога за неговиот најголем дар – Неговиот Син Исус Христос. Да се радуваме и да го славиме името Господово, сега и секогаш и во сите векови. Амин!
Велигденски честитки, со желби за многу здравје, радост, љубов, мир и празнично расположение, на адресата на Евангелско Методистичката Црква, пристигнаа од страна на Премиерот на Република Македонија – Г-дин Никола Груевски, како и од заменик директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи во Република Македонија,Г-дин Антон Серчи.
Во организација на Евангелско-Методистичката Црква, од 20 до 22 март 2009 година, во Мис Стон центарот во Струмица, се одржа семинар за водителки на женските групи низ сите наши заедници во Република Македонија. Целиот семинар беше раководен од палката на госпоѓата Кристина Цеков, во соработка со госпоѓата Регула Штоц од Швајцарија.
Како и секоја година, така и оваа, низ сите наши заедници, се одржа Молитвена Богослужба, по повод заедничкиот молитвен ден на жените низ целиот свет. Тоа се реализираше на 06.03.2009 година.
Во заедниците во Скопје и во Струмица, службите беа екуменски, односно на службите покрај присуството на жените од Евангелско-Методистичката Црква, присутни беа и сестрите од Македонската Православна Црква и Католичката Црква во Македонија.