Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Simple Mp3 Bar

There seems to be an error with the player !

Младински Летен камп 2010 PDF Печати
Среда, 04 Август 2010 12:05
По 12 - ти пат го имавме нашиот Летен камп за млади кој се одржа од 26 до 31 Јули 2010 година во „Еврохотел“ во Струга. На кампот учествуваа млади од сите младински групи во нашите Заедници на нашата Црква. Главната тема беше „ Трчам кон целта“ која што беше обработена од пет подтеми и тоа:
1. Од каде да почнам? - реализирана од Павлина Манавска
2. По која патека да трчам? - реализирана од Пастор Михаил Цеков
3. Зошто трчам? - реализирана од Марија Пецева
4. Како трчам? - реализирана од Јосиф Буралиев
5. Можам ли сам да трчам? - реализирана од Кире Трајков
На сите нив им Благодариме за прекрасните и поучни предавања, кои беа проследени со прашања и дискусии. Нашиот Пастор Михаил Цеков го отвори овогодишниот камп со заедничка Богослужба на која се делеше Господна Вечера (Причест). Во овие заеднички денови, младите имаа прилика да се поучуваат од Словото Господово, да разменуваат искуства во верата, да ги продлабочуваат своите пријателства и да уживаат во прекрасното Божјо Создание.
 
Повеќе...
 
Камп за деца со посебни потреби - 11-ти по ред PDF Печати
Понеделник, 19 Јули 2010 19:21
 
 
Во „Еурохотел„, Струга и оваа година се собравме 95 водачи,деца и помошници од две училишта за деца со посебни потреби. „Св. Климент Охридски“ од Ново Село, Струмица, „Маца Овчарова“ Велес и „Меѓуопштинскиот центар за социјала“ Скопје. Имаше деца на различни возрасти со различни потреби предводени од своите одговорни. Во претпладневните часови на децата им се држеа часови по Веронаука на тема : „Бог- Создателот на се“. За полесно да ја разберат историјата се користеа боички, цртежи, децата изработуваа рачни работи. Од нашата Црква учествуваа седум деца од Неделното школо, кои многу им помагаа на децата а воедно беа задолжени за вечерната програма со песни и игри. Остатокот од денот децата го користе за сончање, пливање и одмор. Со нашето долгогодишно искуство можеме да потврдиме дека овие кампови се многу корисни за децата, за да се запознаат меѓусебно, да научат нешто ново и да се дружат. Овогодишниот камп беше финансиран од повеќе донатори на кои сме им срдечно Благодарни. Огромна благодарност исто така и до учествувачите во кампот, одговорните на групите и училиштата за подршката и помошта за реализација.
Повеќе...
 
Фрањо Жунк – Методистички ветеран во посета на ЕМЦ во Македонија PDF Печати
Недела, 18 Јули 2010 13:34
     
Од 10 до 14 Јули 2010 година, братот Фрањо Жунк беше во посета на нашата Црквa. При таа посета во недела, 11 Јули, учествуваше во Богослужбите, на Утринска Богослужба во Струмица и Вечерна Богослужба во Колешино. Имаше можност исто така да се сретнe со младите од Струмица и Колешино каде во пријатното друштво на младите, братот Фрањо ги споделуваше своите животни искуства во верата, препорачувајќи на младите дека кога се искрени пред Бога и пред себе, тогаш се подготвени да дават и да го помагаат делото Господово и да бидат Благодарни.
                                                                                                   
Повеќе...
 
Хуманост на дело PDF Печати
Вторник, 06 Јули 2010 12:41
Верните од нашата Заедница од Моноспитово, вчера 05 Јули 2010 година, организираа собирање на прехрамбени продукти за потребите во кујната на Мис Стон Центар. Тој хуман гест кој е плод на нивната вера во Бога е за поздравување и охрабрување. Срдечно на сите нив им благодариме и им посакуваме од Бога благословени полиња со добар род, и таквиот пример да служи и на другите за доброто дело.
Дијаконија Македонија и вработените во Мис Стон Центар.
 
Прв летен камп на децата од неделното училиште- ЕМЦ PDF Печати
Петок, 02 Јули 2010 20:27
Во организација со Секратаријатот на Црквата и Комисијата за работа со деца од 25 до 30 Јуни 2010 година во Струга во ”Еврохотел“ се одржа првиот летен камп за деца од неделното училиште. На кампот учествуваа 50 деца и 13 учители од неделните училишта. Главна тема на кампот беше:" Бог, Создателот на сѐ", во која беше опфатено создавањето на светот, а сето тоа пропратено со рачна работа, работа во групи(дискусии), песни и игри. Во рамките на програмата децата се насладуваа на прекрасното езеро, пливајќи, како и уживаа во многуте спортски активности. Времето поминато на овој прв камп се покажа како доста корисно за децата, бидејќи освен духовното изградување овде имаа прилика да воспоставаат нови пријателства и стекнат нови искуства кои ќе имаат во нивните срца посебно место.Децата поучени од темата на кампот се радуваа секојдневно на Божјото Создание. Кампот беше финансиран од Заедниците на Црквата и посебна благодарност до Црковните одборите на Заедниците на нашата Црква кои финансиски ја дадоа својата подршка во реализацијата на овој камп.

Повеќе...
 
GBGM Извршниот секретар во посета на Македонија PDF Печати
Сабота, 05 Јуни 2010 15:06
Од 28 до 31 Мај 2010 година, Улас Танклер ја посети Македонија, со цел да ја види работата на мисионерската Керол Партриџ, за да се запознае со Евангелско-методистичката црква овде во Македонија и да се запознае со некои од членовите на црквата. Д-р Танклер е од Естонија, каде што тој како проповедник работи веќе 22 години во Евангелско-методистичката црква. Сега тој работи, за Генералниот Одбор на Глобалното министерства (GBGM), како извршен секретар за мисионерски односи во Европа, Северна Африка, Блискиот Исток и Централна Азија.

Во неделата. 30 Мај, д-рТанклер проповедаше во Струмица на утринската Богослужба и во Моноспитово на вечерната Богослужба. Во својата проповед, врз основа на тест од словото Лука 11:1-13, каде што Исус ги поучува Своите ученици како да се  молат, д-р Танклер објасни за меѓусебноста на односите и молитвата. Молитвата се базира на нашиот однос со Бог, како и на нашите односи еден со друг, како верници во Христа.
За време на неговата посета овде, тој беше во можност да ги посети петте Евангелско-методистички цркви во Струмичкиот регион и да се запознае со проповедниците кои се одговорни за тие заедници. Во Струмица, беше присутен на часот по Англиски кои го имаат децата во сабота и се сретна со младите од  струмичката заедница на нивниот младински час после неделната Богослужба.. Во понеделникот наутро, д-р Танклер го посети Мис Стон Центар, за да се запознае одблизу со проектот „Храна на тркала, а и да посети некои од корисниците.
Д-р Танклер беше импресиониран од природната убавина на нашата земја и на пријателскиот и гостопримлив карактер на луѓето овде. Тој беше среќен да се запознае со Методистите во Македонија, како и да се запознае со начинот на кој ние овде го славиме и Му служиме на Бога.
Повеќе...
 
Покана да се спротивстави на културата на индигнација(огорченост) PDF Печати
Четврток, 20 Мај 2010 14:15
Обраќање на Епископот Болетер на Втората Светска Конференција на меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог


Улогата која религијата ја имa треба да не води кон една нова култура на почитување, доверба и соработка, а сето тоа кон создавање на едно отворено општество. Важно е да се има в предвид дека на религиите не се гледа како фактори на конфликт во меѓу културните поставувања. Религијата во себе го има потенцијалот да работи кон изнаоѓање решенија во проблематичните области на национализмот и расизмот, еколошките проблеми и насилството. Од една  страна верските лица не се експерти во решавање на овие проблеми, но од  друга страна тие се експерти во областа на моралот и етичкиот живот, кои ја зајакнуваат и подржуваат визијата на едно отворено општество.
Повеќе...
 
Втора Светска Конференциjа за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог PDF Печати
Среда, 12 Мај 2010 18:44
Од 6 - 9 Mај 2010, во Охрид се одржа  Втората Светска Конференциjа под тема: Религиjата и културата – нераскинлива врска меѓу народите.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 Следно > Крај >>

top