
| Младинско Мајско собирање: 1-ви и 2-ри Мај |
|
|
| Среда, 05 Мај 2010 17:09 |
|
Со Божјата помош и заложбата на Комисијата за работа со млади и оваа година успеавме да се собереме младите од нашите заедници заеднички да се радуваме, да се дружиме и да Го прославиме Бог. Оваа година го одбравме Радовиш, манастирот Оравица. Прекрасно планинско место за нашето дводневно собирање. Бевме околу 25 млади на различни возрасти. Темата на оваа собирање годинава беше: Кој е како Бог? Имавме прекрасно предавање каде можевме да научиме многу нови нешта.. Навистина Бог е прекрасен и никој не е како Него. Времето ни беше целосно исполнето со различни игри и дискусии. Му благодариме на Бог за ваквата прекрасна прилика. Со нетрпение го очекуваме следното собирање. |







