Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Покана да се спротивстави на културата на индигнација(огорченост) PDF Печати
Четврток, 20 Мај 2010 14:15
Обраќање на Епископот Болетер на Втората Светска Конференција на меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог


Улогата која религијата ја имa треба да не води кон една нова култура на почитување, доверба и соработка, а сето тоа кон создавање на едно отворено општество. Важно е да се има в предвид дека на религиите не се гледа како фактори на конфликт во меѓу културните поставувања. Религијата во себе го има потенцијалот да работи кон изнаоѓање решенија во проблематичните области на национализмот и расизмот, еколошките проблеми и насилството. Од една  страна верските лица не се експерти во решавање на овие проблеми, но од  друга страна тие се експерти во областа на моралот и етичкиот живот, кои ја зајакнуваат и подржуваат визијата на едно отворено општество.
Многуте различни верски групи  зборуваат на луѓето, дека доброто ќе завладее во светот, доколку луѓето позитивно одговорат на повик на верските групи на свесност, учење и акција од каде се раѓа надежта наместо стравот. Ние би сакале да ги охрабриме посебно медиумите да го забележат позитивниот придонес кој што верските заедници го прават во секојдневниот живот за општото добро на граѓанското општество. Советот на Епископи на Евангелско-методистичката црква во светот издаде  неодамна Пастирско Писмо во кое се опишува за меѓусебната поврзаност на природата на сиромаштијата и болестите, еколошката деградација, оружјето и насилството како  и маргинализацијата на луѓето. Советот со оваа Пастирско Писмо споделува информации во врска со Светото Писмо и верувањата, како важни извори охрабрување и надеж, исто така ја споделува и информацијата за методистичкото богатство на социјално поле,  со цел да се обезбеди основа за одговори и препораки на различни дејства во отворена соработка со сите луѓе со добра волја. Врз основа на претходно споменатото, јас би сакал да нагласам еден  аспект  на социјална клима, во која верските заедници во рамките на мутли културните поставувања би можеле да се вклучат заедно: Низ цел свет, граѓанското општество страда под влијание на културата на индигнација(огорченост) .
Огорченоста(индигнација) постана една нормална реакција справувајќи се со политички одлуки кои не се во склад со нашите убедувања, справувајќи се со недостатоците во управувањето на јавните прашања како и со справувањето во врска со различностите во културата или религијата.
Индигнацијата често е реакција, кога гледаме дека луѓето не се во можност, или дури и не сакаат, да се прилагодат на доминантната култура онаму каде што живеат. Индигнацијата е како болест која што ги зафаќа сите аспекти во општеството. Индигнацијата не води кон дијалог и пронаоѓање на заедничко решение. Туку секогаш води кон обвинувања, агресија, поделба и недоразбирање.
Погледнете ги само националните или регионалните избори кои секојдневно се случуваат. Кандидатите често бараат поддршка од луѓето давајќи популистички изјави и ветувања кои што никогаш нема да ги исполнат, и со самото тоа тие создаваат култура на индигнација. Ваквите ветувања и изјави само во краток временски период може  на кандидатот да му донесе поголема поддршка, иако тој/таа не  размислува за зачувување на средината, ниту пак за вистинско променување на светот кон  подобро.
Индигнацијата(огорченоста) посебно ја лишува младата генерација од еден позитивен  пристап кон одговорноста кон општото добро, за практична соработка како и со вера и надеж да гледаат кон иднината. Позитивните придонеси што ги даваат верските заедници ќе овозможат да се надмине оваа култура на индигнација. Нивното залагање ќе води кон едно отворено граѓанско општество оформено од меѓусебна почит и со чувство на одговорност кон целокупното општество, вклучувајќи ги и малцинствата.
Јас ја нагласувам заложбата на  воздржување од секое добро, што ја поттикнува културата на индигнација. Очигледно е дека постојат околности и моменти на бруталност, кои што се закана за човековите права и опстанокот на човештвото, каде  што ние треба да извикаме и протестираме гласно,  но сето тоа нема да се случи бидејќи преферираме да си удоволиме  самите на себе како производ на индигнацијата која носиме во самите нас. Ние треба да изнајдеме начини, соработници и надеж со цел да се работи интензивно кон промени и трансформирање. Култура н доверба и разбирање почнува со човечкото достоинствово на секоја личност. Идентитетот на  „другата“ личност мора да се почитува. Меѓу културниот дијалог е изградба на една врска, врска која што не се заснова на еднострана импресија и информација. Во оваа  врска е вклучено и правото да се критикува другата страна, но со една почит и соработка кон едно отворено граѓанско општество.
Залагањето кон слобода со вера и чиста совест, на барањата на верските заедници да ги критикуваат останатите верски групи и социјалните услови во општеството, мора да биде вклучена подготвеноста да им се овозможи да се запрашаат тие и самите- себе на истиот начин.
 
Мојот апел е да гледаме внимателно како зборуваме и како се однесуваме и каков вид на социјална состојба ние создаваме: состојба на индигнација(огорченост)  или состојба на почит, доверба и надеж. Можеби сето тоа не е популарно, но би можело да даде еден голем придонес кон трансформацијата на општеството.
 
Ви Благодарам за вашето внимание.

 
 
top