
| GBGM Извршниот секретар во посета на Македонија |
|
|
| Сабота, 05 Јуни 2010 15:06 |
|
Од 28 до 31 Мај 2010 година, Улас Танклер ја посети Македонија, со цел да ја види работата на мисионерската Керол Партриџ, за да се запознае со Евангелско-методистичката црква овде во Македонија и да се запознае со некои од членовите на црквата. Д-р Танклер е од Естонија, каде што тој како проповедник работи веќе 22 години во Евангелско-методистичката црква. Сега тој работи, за Генералниот Одбор на Глобалното министерства (GBGM), како извршен секретар за мисионерски односи во Европа, Северна Африка, Блискиот Исток и Централна Азија.
Во неделата. 30 Мај, д-рТанклер проповедаше во Струмица на утринската Богослужба и во Моноспитово на вечерната Богослужба. Во својата проповед, врз основа на тест од словото Лука 11:1-13, каде што Исус ги поучува Своите ученици како да се молат, д-р Танклер објасни за меѓусебноста на односите и молитвата. Молитвата се базира на нашиот однос со Бог, како и на нашите односи еден со друг, како верници во Христа. За време на неговата посета овде, тој беше во можност да ги посети петте Евангелско-методистички цркви во Струмичкиот регион и да се запознае со проповедниците кои се одговорни за тие заедници. Во Струмица, беше присутен на часот по Англиски кои го имаат децата во сабота и се сретна со младите од струмичката заедница на нивниот младински час после неделната Богослужба.. Во понеделникот наутро, д-р Танклер го посети Мис Стон Центар, за да се запознае одблизу со проектот „Храна на тркала“, а и да посети некои од корисниците. Д-р Танклер беше импресиониран од природната убавина на нашата земја и на пријателскиот и гостопримлив карактер на луѓето овде. Тој беше среќен да се запознае со Методистите во Македонија, како и да се запознае со начинот на кој ние овде го славиме и Му служиме на Бога. |






