
| Прв летен камп на децата од неделното училиште- ЕМЦ |
|
|
| Петок, 02 Јули 2010 20:27 |
|
Во организација со Секратаријатот на Црквата и Комисијата за работа со деца од 25 до 30 Јуни 2010 година во Струга во ”Еврохотел“ се одржа првиот летен камп за деца од неделното училиште. На кампот учествуваа 50 деца и 13 учители од неделните училишта. Главна тема на кампот беше:" Бог, Создателот на сѐ", во која беше опфатено создавањето на светот, а сето тоа пропратено со рачна работа, работа во групи(дискусии), песни и игри. Во рамките на програмата децата се насладуваа на прекрасното езеро, пливајќи, како и уживаа во многуте спортски активности. Времето поминато на овој прв камп се покажа како доста корисно за децата, бидејќи освен духовното изградување овде имаа прилика да воспоставаат нови пријателства и стекнат нови искуства кои ќе имаат во нивните срца посебно место.Децата поучени од темата на кампот се радуваа секојдневно на Божјото Создание. Кампот беше финансиран од Заедниците на Црквата и посебна благодарност до Црковните одборите на Заедниците на нашата Црква кои финансиски ја дадоа својата подршка во реализацијата на овој камп. |






