Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Фрањо Жунк – Методистички ветеран во посета на ЕМЦ во Македонија PDF Печати
Недела, 18 Јули 2010 13:34
     
Од 10 до 14 Јули 2010 година, братот Фрањо Жунк беше во посета на нашата Црквa. При таа посета во недела, 11 Јули, учествуваше во Богослужбите, на Утринска Богослужба во Струмица и Вечерна Богослужба во Колешино. Имаше можност исто така да се сретнe со младите од Струмица и Колешино каде во пријатното друштво на младите, братот Фрањо ги споделуваше своите животни искуства во верата, препорачувајќи на младите дека кога се искрени пред Бога и пред себе, тогаш се подготвени да дават и да го помагаат делото Господово и да бидат Благодарни.
                                                                                                   

Наредните денови се запозна и со Социјалната служба на нашата Црква, а посебно со проектот ”храна на тркала“ каде имаше можност да ги посети корисниците на тој проект. Го посети и проектот за компјутери за деца со посебни потреби каде беше воодушевен од залагањето на Црквата во помагањето и на таквата група на деца со цел нивниот живот да биде поинтересен и полесно да можат да се вклопат во модерното општество. Ја посети и скривницата- проект на младите во Струмица, и се понуди на младите за воспоставување на контакти со младинската група во неговата заедница во Санта Моника, САД.
Тој има 85 години, но е доста витален и спремен да помага и да служи на Господовото дело каде и да се наоѓа.


 
top