Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Камп за деца со посебни потреби - 11-ти по ред PDF Печати
Понеделник, 19 Јули 2010 19:21
 
 
Во „Еурохотел„, Струга и оваа година се собравме 95 водачи,деца и помошници од две училишта за деца со посебни потреби. „Св. Климент Охридски“ од Ново Село, Струмица, „Маца Овчарова“ Велес и „Меѓуопштинскиот центар за социјала“ Скопје. Имаше деца на различни возрасти со различни потреби предводени од своите одговорни. Во претпладневните часови на децата им се држеа часови по Веронаука на тема : „Бог- Создателот на се“. За полесно да ја разберат историјата се користеа боички, цртежи, децата изработуваа рачни работи. Од нашата Црква учествуваа седум деца од Неделното школо, кои многу им помагаа на децата а воедно беа задолжени за вечерната програма со песни и игри. Остатокот од денот децата го користе за сончање, пливање и одмор. Со нашето долгогодишно искуство можеме да потврдиме дека овие кампови се многу корисни за децата, за да се запознаат меѓусебно, да научат нешто ново и да се дружат. Овогодишниот камп беше финансиран од повеќе донатори на кои сме им срдечно Благодарни. Огромна благодарност исто така и до учествувачите во кампот, одговорните на групите и училиштата за подршката и помошта за реализација.


 

 
 
top