
| Младински Летен камп 2010 |
|
|
| Среда, 04 Август 2010 12:05 |
|
По 12 - ти пат го имавме нашиот Летен камп за млади кој се одржа од 26 до 31 Јули 2010 година во „Еврохотел“ во Струга. На кампот учествуваа млади од сите младински групи во нашите Заедници на нашата Црква. Главната тема беше „ Трчам кон целта“ која што беше обработена од пет подтеми и тоа:
1. Од каде да почнам? - реализирана од Павлина Манавска
2. По која патека да трчам? - реализирана од Пастор Михаил Цеков 3. Зошто трчам? - реализирана од Марија Пецева 4. Како трчам? - реализирана од Јосиф Буралиев 5. Можам ли сам да трчам? - реализирана од Кире Трајков На сите нив им Благодариме за прекрасните и поучни предавања, кои беа проследени со прашања и дискусии. Нашиот Пастор Михаил Цеков го отвори овогодишниот камп со заедничка Богослужба на која се делеше Господна Вечера (Причест). Во овие заеднички денови, младите имаа прилика да се поучуваат од Словото Господово, да разменуваат искуства во верата, да ги продлабочуваат своите пријателства и да уживаат во прекрасното Божјо Создание.
|






