
| СЕМИНАР ЗА СОРАБОТНИЦИ |
|
|
| Недела, 02 Октомври 2011 19:07 |
|
На 1 и 2 Октомври 2011 година, во просториите на Мис Стон ценарот во Струмица, се одржа семинар за соработници на црквата од сите наши заедници. Семинарот беше органзиран од надзорниот проповедник Михаил Цеков, а истиот беше реализиран од страна на германскиот епископ д-р Валтер Клајбер.
Д-р Валтер Клајбер, како поранешен професор и специјалист од областа на Новиот Завед, опфати повеќе поглавја од оваа област. Во првиот ден од овој семинар, поточно во саботата, епископот д-р Валтер Клајбер го отвори овој семинар, давајќи еден вовед во Новиот Заевед. Во текот на своето излагање, во саботата, д-р Валтер Клајбер, својот акцент го стави врз споредбите кои што ги раскажува Исус, во Евангелијата.
Неделниот ден започна со Богослужба одржана во црквата во Струмица, на која што служба, покрај учесниците на семинарот и браќата и сестрите од заедницата во Струмица, присуствуваа и браќа и сестри од останатите заедници, а кои што сакаа да се поучат од моќта на Евангелието, соопштена токму преку проповетта водена од епископот д-р Валтер Клајбер. По завршувањето на Богослужбата, учесниците на семинарот, го имаа и вториот дел од овој семинар, каде што имаа можност да се запознаат повеќе со посланието на апостол Павле до Римјаните.
На овој семинар, присуствуваа над триесетина браќа и сестри од сите наши заедници, а кои што браќа и сестри на различен начин придонесуваат во работата на нашата црква. Значајно беше и тоа што постоеше интерес и кај помладите членови на нашата црква, а кој што интерес се докажа токму преку нивното активно учество на семинарот.
Овој семинар беше доста поучен за сите присутни и се надеваме дека овие нови сознанија, за словото Божјо, ќе им дадат нови насоки во нивните размислувања и ќе се отворат нови патишта на Божјото делување помеѓу сите нас.
Особено голема благодарност упатуваме до организаторот на овој семинар, надзорниот проповедник Михаил Цеков, епископот д-р Валтер Клајбер, како и на сите оние кои што дадоа свој допринос во неговото реализрање.
Благодарни сме и на Бога што ни даде можност да се поучуваме и надградуваме во Неговотo Слово. |







