
| СВЕТСКИ МОЛИТВЕН ДЕН НА ЖЕНИТЕ |
|
|
| Сабота, 18 Април 2009 21:25 |
|
Како и секоја година, така и оваа, низ сите наши заедници, се одржа Молитвена Богослужба, по повод заедничкиот молитвен ден на жените низ целиот свет. Тоа се реализираше на 06.03.2009 година.
Во заедниците во Скопје и во Струмица, службите беа екуменски, односно на службите покрај присуството на жените од Евангелско-Методистичката Црква, присутни беа и сестрите од Македонската Православна Црква и Католичката Црква во Македонија. Темата за оваа богослужба беше подготвена од сестрите од Папуа Нова Гвинеја. Темата пак носеше наслов „Во Христос сме многу членови, а едно тело“. Целокупниот програм за богослужбата беше подготвен од страна на сестрите од Папуа Нова Гвинеја, а истиот беше преведен на различни јазици низ целиот свет, меѓу кои и на македонски јазик.Светскиот молитвен ден на жените, отсекогаш бил е и ќе биде, повод за запознавање со верското, културното и општественото богатство на една земја. Секоја година, литургиите се подготвуваат од женски групи од различни земји во светот.
Особен впечаток остава улогата и дејствувањето на жените од оваа екваторска земја, сместена во океаните, каде што жените се двигател на најразлични активности на само во црквата, туку и во општеството.Во Папуа Нова Гвинеја се зборува на повеќе од 800 различни јазици. Таквите етнички, културни и верски разлики се надминати во љубовта покажана преку Исус Христос. Тоа е еден вистински пример за тоа како верата во Христа ги соединува сите луѓе, без разлика на нивниот национален, верски, јазичен или општествен статус. Овие богослужби, кои што ги имаме кај нас во Република Македонија, користат и се навистина корисни за меѓуцрковното заедничко соработување на ниво на држава, а која што соработка е навистина значајна за сите нас.
|







.jpg)
.jpg)
.jpg)
