СЕМИНАР ЗА ВОДИТЕЛКИ НА ЖЕНСКИТЕ ГРУПИ
Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Banner Slider

СЕМИНАР ЗА ВОДИТЕЛКИ НА ЖЕНСКИТЕ ГРУПИ PDF Печати
Недела, 19 Април 2009 14:13

  Во организација на Евангелско-Методистичката Црква, од 20 до 22 март 2009 година, во Мис Стон центарот во Струмица, се одржа семинар за водителки на женските групи низ сите наши заедници во Република Македонија. Целиот семинар беше раководен од палката на госпоѓата Кристина Цеков, во соработка со госпоѓата Регула Штоц од Швајцарија.

 
  Госпоѓата Регула Штоц е координатор на женската служба, на централната конференција за средна и јужна Европа.  На овој семинар, учествуваа жени од речиси сите женски групи, кои функционираат во склопот на Евангелско Методистичката Црква во Република Македонија.   Темата на овој семинар носеше наслов: „ Профилот на Евангелско Методистичката Црква“.  На семинарот се работеше во работни групи, со што се овозможи темелно разработување на темата, меѓусебно запознавање на жените и размена на нивните лични искуства.Предавањата на оваа тема ги држеше госпоѓата Регула Штоц, а додека пак госпоѓата Кристина Цеков, преку видео запис го презентираше шестте карактеристики кои се значајни во изградувањето на профилот на секој Методист.





Тие шест карактеристики се следниве:
 
 
  1. Што правиме
  2. Како делуваме во општеството
  3. Кои сме ние
  4. Што учиме и во што веруваме
  5. Како се однесуваме едни со други
  6. Како работиме
  7.  
   
  На сите присутни претставнички, овој семинар им помогна подобро да се запознаат со тоа, како Бог преку различните луѓе, мажи и жени, дејствува и го води делото свое.На сите присутни претставнички, овој семинар им помогна подобро да се запознаат со тоа, како Бог преку различните луѓе, мажи и жени, дејствува и го води делото свое.
 
top