
| Младински состанок, Кочани 2 и 3 –ти Мај |
|
|
| Сабота, 06 Јуни 2009 17:34 |
![]() Традиционално, комисијата за работа со млади, организира Младински состаноци, кои што се одржуваат во месец мај. Оваа година како денови за дружење на младите од сите младински групи, беа одбрани 2 и 3 – ти Мај. Место на собирање, оваа година, беше Кочани.
Првиот ден ( 2 – ри мај, сабота), младите го поминаа во природа. Денот им беше исполнет со различни активности. Денот го започнаа со играње фудбал, пеење песни, па се до прошетка до преубавата брана, која што се наоѓа на оддалеченост од околу 5-6км од центарот на Кочани. Потоа во Црквата ја обработувавме нашата тема за овој состанок, која што носеше наслов: „Кој сум јас“. Сите ние имавме можност да ги презентираме нашите гледишта и размислувања во поглед на темата.
Вториот ден (3-ти мај недела), младите беа присутни на утринска Богослужба во Црквата во Кочани. После Богослужбата, младите имаа слободно попладне, кое што максимално го искористија, за да го разгледаат градот Кочани и да се запознаат со некои од убавините што го красат. Доцна попладнето, сите млади кои што беа присутни на состанокот, се упатија кон своите домови.
|
















