Младински камп 2009
Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Banner Slider

Младински камп 2009 PDF Печати
Сабота, 03 Октомври 2009 20:43



Летен камп 2009 – Спасение живот дарум – ајде да го живееме!

 

Со Божја помош и оваа година го одржавме нашиот младински камп, во Охрид, кој траеше од 3-9 август. Повторно се собравме ние младите од нашите заедници ширум Македонија. Вкупно бевме четириесет и пет млади, жедни за славење и надоградување во Словото Божјо.

Нашата тема беше: Спасение живот дарум- ајде да го живееме. Научивме дека навистина треба да го славиме животот и да се радуваме на секој ден бидејќи секој ден ни е подарок од Господ.
Деновите ни беа исполнети со различни активности. Рано наутро имавме предавања од нашиот пастор Михаил Цеков, секој ден различна тема. Вера, опростување, единство и љубов. Веднаш по предавањата, бевме поделени во работни групи, ни беа доделени прашања и секоја од групите разговараше на зададената тема и како заклучок еден од групата го изнесуваше мислењето. Работните групи беа навистина корисни.    Бидејќи помалку, секој можеше да сподели некоја случка од неговиот живот а на тој начин дознававме повеќе еден за друг и се зближувавме.
По утринската работа следуваше пауза. Пауза која најчесто ја минувавме на плажа. А во вечерните часови пак, дававме кус заклучок на одредената тема. Гледавме неколку клипчиња и дискутиравме за многу работи. Се разбира, славењето беше составен дел од нашата секојдневна програма. Повторно поминав едно убаво време со моите пријатели и би сакала ваквите собиранки да се се почести и почести. Но најважно од се е, она што го слушнавме и научивме таму, да го спроведуваме и во пракса. Да го живееме тој дар кој Бог ни го дава! Нему нека е секоја слава и чест!

 
top