
| 10 години летен камп за деца со посебни потреби |
|
|
| Недела, 04 Октомври 2009 01:11 |
|
По чудното поведение Божјо, во кризите кои не опкружуват во 2000-та година, неочекувано се роди идејата за летен камп за деца со посебно потреби. Неочекувано, бидејќи нашата Социјална служба имаше други планови со таквите деца, но како често станува ние планираме, но Бог располага. Во текот на овие десет изминати години со подршката на ХЕКС „Служба за помош на Евангелските цркви во Швајцарија“, можевме да им овозможиме на овие деца, барме малку да ги доживеат убавините на Божјото создание. И оваа година децата од сите страна на нашата држава беа присутни на летниот камп во Охрид, кој се одржа од 9-ти до 17-ти јули во хотелот „Орце Николов“. Вкупно беа 90 деца, во придружба на нивните наставници, се дружеа меѓусебно а со тоа се запознаваа, се капеа и се предизвикуваа во различните нови предизвици на деновите додека беа на кампот. Група млади луѓе од нашата црква, учесници на кампот ги организираа сите активности и водеа посебна грижа секое дете да се чувствува колку е можно прекрасно и удобно. Посебноста на овогодишниот летен камп беше во тоа што покрај децата со посебни потреби, беше присутна и мала група на деца и без родители и уште една мала група од нашето неделно училиште од Заедницата во Струмица. Децата своето време го минуваа водени во бањање, но и во изучување на библиски вистини предводени од младите од нашата црква. Во покажување на својата креативност, децата ја имаа можноста да прават рачни работи што им помагаше уште повеќе да ја развијат својата фантазија и интелектуалните можности. Откако завршуваа активностите на денот, не значи дека немаше повеќе ништо, туку и вечерните часови беа исполнети со посебни активности. Предводени од „Методист Чајлд Бенд“, кои секоја вечер пееја и свиреа, со што кај децата создаваа посебна ведрина и радост.
Детски камп- вистински благослов за децата! Деца, кои заради нивниот застој во одреден психо-физиќки напредок, непочитувани и изоставени, имаа прилика меѓусебно едни од други да учат а истовремено и возрасните околу нив да учат од нив. Деца на кои им е потребно љубов, внимание, но и охрабрување преку кое во нив се развива желбата за искажување на нивните дарови.
Со овој циклус 10 години помош од ХЕКС, завршува нивното финансирање на овој проект, но сепак со надеж дека одново же наидеме на добри, хумани и отворени срца кои ќе овозможат финансиска помош со која ќе продолжи и понатаму проектот Летен камп за деца со посебни потреби. .
Зошто камп за деца со посебни потреби? Затоа што на таквите кампови вистински се помага на овие деца да ги развијат своите способности. Се врши вистинска социјализација на овие деца. Децата ги откриваат своите способности. Токму затоа нашата желба е кампот и понатаму да продолжи. На крајот сакам да искажам голема благодарност на училиштата за посебни потреби во Ново Село, Велес и Скопје како и на Центрите за Социјална грижа , кои за сите овие години не подржуваа со секаков вид помош а со тоа овозможуваа и одржување на овие кампови за деца. Посебна благодарност и на младите од нашата црква кои неуморно се залагаа во организацијата и успехот на овие кампови. ![]() |







.jpg)
