
| Недела 04 Октомври 2009 |
|
|
| Недела, 04 Октомври 2009 11:43 |
|
Благодарствен ден
Денес е Благодарствен ден, ден на посебна благодарност кон Бога за сите добра кои ги добиваме од Него. Денес во нашите Заедници се одржуваа Богослужби посветени на благодарност кон Бога, со активно учество на децата и младите од Заедницата. Навистина е прекрасно кога се преоставаме на Бога , тогаш согледуваме дека Тој ни дава се што ние потребно и тоа во изобилство. Но, мора да научиме да бидеме благодарни и кога ќе настапат бури и тешкотии во нашите животи. Апостол Павле вели: „ Благодарете за се “. Благодарноста според Библиското видување значи ослободување кон Бога и кон луѓето.
Псалм 66 (67) 6: Земјата го даде својот плод, Бог, нашиот Бог не благослови!
Веднаш по Богослужбата, го посетивме семејството Гогови и ги израдувавме со плодовите кои им ги подаривме.
Можноста да го искусат тој ден на благодарноста за нив беше вистински благослов. |







