Годишна Конференција на Евангелско-методистичката Црква во Р.Македонија и Србија
Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Banner Slider

Годишна Конференција на Евангелско-методистичката Црква во Р.Македонија и Србија PDF Печати
Четврток, 05 Ноември 2009 16:17
Благодарни сме на Бога, што и оваа година можевме да ја одржиме нашата Годишна Конференција од 15 до 18 октомври во Кисач, Србија.

 

Годишната конференција е место, каде што ние, како Црква во две различни држави можеме еднаш во годината да бидеме заедно, заеднички да разговараме, да се дружиме и да донесуваме одлуки во поглед на нашите духовни и разните други потреби. На оваа годишна Конференција, главната тема беше:
>> Барајте го доброто за да живеете <<.
Врз основа на оваа тема беа организирани и Богослужбите во деновите на Конференцијата, каде што особено во вечерните часови бевме на заеднички Богослужби.
Ние, од Македонија, предводени од надзорниот проповедник Михаил Цеков тргнавме во четврток наутро и пристигнавме во вечерните часови во Кисач. Во 19.00 часот, беше официјалната Богослужба по повод отпочнувањето на Годишната конференција. На оваа Богослужба со Слово ни послужи нашиот Епископ д-р. Патрик Штрајф, на тема:
 >>Активноста на овој позив<<.

 
Епископот Штрајф, осврнувајќи се на централната тема на Конференцијата рече, дека Библијата сите нас не повикува злото, да го победиме со добро. Тоа се и вредностите на Методистичката Црква, а посебно, она кое што Џон Веслеј ни го остави како наследство во Општите Правила, каде што вели дека, секогаш на секого и во секое време, да правиме добро. Кон тоа, секогаш одново не повикува Словото Господово ...
Во наредните два дена Годишната конференција работеше на различните извештаи за активностите на Црквата.
Во првиот работен дел беа опфатени извештаите на супертендентите Вилфрид Науснар, Дистрикт Македонија и Ана Палиќ-Кунчан, Дистрикт Србија.

 
Тие дадоа опширен преглед за работата во Заедниците на Црквата.
После тоа следуваа извештаи за Црковните претставништва, каде посебно се нагласи односите помеѓу Црквата и државата. Се зборуваше исто така и за црковните имоти, финансиите ...
Супертендентите, во своите извештаи, зборуваа за проблемите и радостите при извршувањето на нивната служба во различните Заедници на Црквата. Зборуваа како се среќавале со тешки проблематики, но и со радносни моменти. Епископот на сето тоа препорача дека, најдобриот лек во таквите моменти е мудрост и милост. Да, тоа е вистина. Во животот, во секојдневието, секогаш ни е неопходно потребната мудрост, но и истовремено и милоста за да можеме конкретно да одговориме на потребите на оние на кои им е неопходно потребно помош.
Црквата, посебно се труди и во оваа кризно време во кое што живееме, сите соработници на Црквата да бидат згрижени, а за тоа е неопходно потребна поддршка на верните во сите наши Заедници.
Како што можевме да видиме, во извештаите на супертендентите и во другите извештаи, мораме да признаеме дека заедништвото и взаемното поддржување во верата е наголемиот просперитет за Црквата во целина, но, и истовремено за опстојувањето на сите наши Заедници.
Во 19.00 часот повторно, бевме сите заедно, на Богослужба, каде што со Словото ни послужи проповедник Роберт Гаубац од Германија на темата: >>Барајте го Бога...<<.

Тој во своето излагање посебно нагласи дека, многу важен елемент е да го бараме Бога и дека, секој еден човек бара нешто, но сепак најдрагоцено е, кога Бог нас ќе не пронајде. Тој со практични примери од својот живот, зборуваше за своите лични искуства со Бога, за своето лично обраќање, и како Бог го пронашол. Тој истакна повеќе примери од својот живот, а со тоа воедно благодарејќо на Бога и на водството Негово во неговата проповедничка служба.
Вториот работен дел, од Годишната конференција, го поминавме во проследување на извештаите за работата на младите, децата, жените и социјалните активности на Црквата. Особено сме радосни што гледаме дека комисиите за работа со млади и деца на двата Дистрикта, покажуваат активности, кои што се корисни за нив, но и за самата Црква. Младите, посебно слушајќи ги нивните активности може да се заклучи, дека тие, посебно се зближуваат на младинските кампови, каде што можат повеќе да научат. Такви кампови има како во Македонија, така и во Србија. Но сепак, взаемно се доаѓа до констатација, дека меѓусебната соработка помеѓу младите на двата Дистрикта во изминатите години е доста запоставена. Обострана желба е да се дојде до подобрување на взаемните контакти. Не е за незанемарување и службата на жените во Црквата. Тие, преку својата активност се присутни во работата во сите сегменти на Заедниците.
Со нивното работење охрабруваат и другите да станат по активни во различните активности на Заедниците.
Посебно сме радосни што и Социјалната служба
>> Дијаконија Македонија << ги извршува сите свои обврски, но сепак
>> Мис Стон Центар << во Струмица, остава особен белег на >>Ѓаконијата<< на Црквата.
Епископот д-р Патрик Штрајф ги извести членовите на Годишната конференција, дека на затворената седница на старешините, ѓаконите и проповедниците на проба се прифатила препораката сестрата Марија Ѓуровка, да биде поставена како проповедник на проба на Годишната конференција и братот Новица Банков на утрешната Богослужба ќе биде ордениран за старешина на Црквата.
По завршувањето на работниот дел на Годишната конференција, сите членови на Годишната Конференција се собравме на заедничка Богослужба. На истата таа Богослужба заеднички учествувавме на трпезата Господова (Господна вечера). Со та потсетувајќи се на она што Бог направи во Неговиот Син Исус Христос. Тој, Исус Христос, Синот Божји дозволи Неговото тело да се раскрши за нас, за ние, да живееме. Неговата крв течеше за нас. Крв која ги чисти сите наши гревови. Богослужбата ја водеше проповедникот Михаил Хрчан, кој ни послужи со Словото.
Во неделниот ден, во 9:30 часот ја имавме Свечената завршна Богослужба по повод затворањето на Годишната конференција. Со Словото ни послужи епископот д-р Патрик Штрајф на темата:
>> Најдоброто од се е, што Бог е со нас<<.
За време на Богослужбата, проповедникот на проба Новица Бранков, беше ординиран за старешина на Црквата.
Песните на хорот и младите, посебно ги освежуваа Богослужбите, за кое што ние срдечно им благодариме.

Срдечна благодарност упатуваме и до Заедницата во Кисач, кои што како домаќини срдечно не примија и не згрижија со онаа кое што е неопходно потребно. Му благодариме посебно на Бога што во овие денови на Годишната конференција беше со нас и што од ново откривме дека, најдоброто за нас е и тоа секој ден и секогаш кога Бог е со нас.
 
 
 
Трајче Минов
Михаил Цеков
Фото: Павлина Манавска



 
 
top