|
Четврток, 05 Ноември 2009 17:05 |
Седумдесет и три годишната Радмила Арсланова заедно со нејзината четириесет и две годишна ќерка Лена, живеат во една трошна куќарка со трошен кров кој во секој момент од некоја силна бура или снег може да падне. Просторијата во која живеат е невидена мизерија. Тие не се ниту вешти нешто сами да направат.
Социјалната служба на Црквата и „Мис Стоне Центар“ ги згрижуваме повеќе од 6 години со храна, облека, огревно дрво и други неопходни работи. Потребно им е место каде би можеле да живеат како луѓе. Ние како Црква заедно со Социјалната Служба на Црквата “Дијаконија Македонија“ до сите хумани и добри луѓе, упатуваме апел заеднички да ја поправиме малата куќарка доградувајќи купатило, но и неопходно потребните помагала за живот „Шпорeт, фрижидер,..“, барем малку да почувствуват од убавината на животот. Зимата е на прагот. А во собата во која живеат е како да се живее надвор. Трошоците за реновирањето на куќарката и нај неопходно потребните апарати чинат 3500евра. Ве молиме вашите средства уплатувајте ги на следните сметки на
Евангелско-методистичката Црква под шифра „Рада“.
ЕВАНГЕЛСКО-МЕТОДИСТИЧКА ЦРКВА во Република Македонија
Депонент: Тутунска Банка АД Скопје
Жиро с-ка 210-0471551901-34
Девизна жиро с-ка 4715519
Однапред на сите вас срдечно ви благодариме.
Евангелско-методистичка Црква во Република Македонија
Ул. „Загребачка“ 4
|