Рада Арсланова
Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Banner Slider

Рада Арсланова PDF Печати
Четврток, 31 Декември 2009 18:44
Вчера (30 декември 2009) официјално беше предадена реновираната куќичка на Рада Арсламова во Струмица. Изградбата на куќата беше финансирана од Евангелско-методистичката црква и бизнисмени од Струмица. Сакаме да дадеме еден кус историјат како се роди идејата за реновирањето на куќата на госпоѓата Рада. Оваа семејство повеќе од шест години, од страна на кујната во Мис Стон Центар секојдневно се згрижува со храна. Од секојдневната посета на нивниот дом, ние како црква ги знаеме и другите нивни потреби. Куќата во која тие живееја беше во лоша состојба и кровот можеше во секој момент да падне.
Размислувајќи како да им биде помогнато и како да им биде реновирана куќата, дојдовме до следните идеи: да ги посетиме фирмите со градежни матерјали и да ги замолиме да подарат градежен материјал за реновирањето на куќата. Надзорниот проповедник Михаил Цеков со тоа задолжение го задолжува раководителот на Мис Стон Центар, господинот Митко Конев. Тој ги посетува градежните фирми и има ја објаснува состојбата со тоа семејство но и нашите идеи.
Ние бевме посебно изненадени што сопствениците на фирмите веднаш беа подготвени да помогнат.
Се наоѓаме во ова новогодишно божиќно време. Библијата не учи дека давањето е бажено. Бог ни го даде својот Син како дар за сите нас. Божиќ значи радост, љубов така да и ние вчера се собравме заеднички да празнуваме, но и да се радуваме што  Бог на чуден начин не собра да помогнеме на едно семејство кое има потреба од помош.
Во тоа се состои и чудото. Новороденото дете во Витлеем ги собра сите околу себе. И пастири и цареви и многу други луѓе. Потребата за помош на оваа семејство не собра и сите нас. Тоа е еден пример за пофалба кога заедно црквата и бизнисмените помагат на луѓе, кои имат потреба.
Благодарност до сите кои на било каков начин помагаа во изградбата на овој објект.
Dim lights Embed Embed this video on your site
 
top