
| Младинско собирање по повод дочек на Новата 2010 година |
|
|
| Понеделник, 04 Јануари 2010 14:32 |
![]() И оваа година со Божја помош во организација на Комисијата за работа со млади се собравме заеднички да се радуваме и да го прославуваме дочекот на Новата Година. Овој пат, нашето место за собирање беше во село Муртино. Се собравме во 20 часот од повеќето наши заедници низ земјата. Вечерта ја поминавме во една прекрасна атмосфера од песни, славење, разговори, дружење и игри. Посебно време издвоивме и за темата на овогодинешното собирање која носеше наслов: „ Нов почеток „. Разговаравме за нашите слабости и лоши страни, карактеристики кои мора да ги отфрлиме од нашиот живот за да можеме да живееме како вистински Исусови следбеници и да го обликуваме нашиот карактер според Исусовиот. Новата година ја дочекавме во молитва, која го олицетворува нашиот контакт со Бога.
Игравме игри, се веселевме и му благодаревме на Бога што можеме заеднички да го прославуваме. Но еден ден не ни беше доволен. Па како и ланската година и овој пат се собравме и наредниот ден. Желни за дружење и забава.
Навистина прекрасно искуство со кое нашите односи стануваат поцврсти. Му благодарам на Бог за таквата можност со надеж за поскоро собирање.
![]() ![]() ![]() |











