Епископот д-р Патрик Штрајф во посета на Евангелско-методистичката Црква во Р.Македонија
Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Banner Slider

Епископот д-р Патрик Штрајф во посета на Евангелско-методистичката Црква во Р.Македонија PDF Печати
Среда, 31 Март 2010 14:21

Епископот д-р Патрик Штрајф при својата посета од 25-29 Март 2010 година, посети одредени заедници на нашата Црква во Р.Македонија и обави разговори со дел на претставниците на црквите и црковно образовните институции во државата. Епископот д-р Патрик Штрајф беше придружуван од неговата сопруга Хајди и од страна на неговите соработници супериндендентот  Вилфрид  Наузнар и неговата  сопруга Џин, и  од страна на главниот надзорен проповедник Михаил Цеков  и неговата сопруга  Кристина Цеков.


- Четврток 25 Март Епископот д-р Патрик Штрајф  беше во посета на нашите  зааедници во Битола и Прилеп, придружуван од своите соработници,  каде се за активностите на црквата разговараше со проповедникот Ацо Митев (Битола) и Нада Шаманова (Прилеп).
При посетата на Битола, Епискокпот д-р Штрајф ја имаше приликата да го разгледа и посети одземеното место на црквата за време  на Југоославија, кое сеуште не е вратено.

 













- Во Петок 26 Март Епископот д-р Штрајф во придружба на суперинтендентот Вилфрид Наузнар и главниот надзорен проповедник  Михаил Цеков го посетија Богословскиот факултет на Македонската Православна Црква, каде Епископот д-р Патрик пред професорите и студентите одржа предавање на тема: „Мисијата на Црквата денес“. Истовремено беше примен од страна на деканот на Богословски факултет проф.д-р. Ацо Гиревски и продеканот проф.м-р. Петко Златески, со кои се разговараше за взаемната соработка во поглед на размена на студенти и други активности поврзани со теолошкото образование.


Епископот д-р Патрик Штрајф со својата придружба беше примен од Архепископот на Македонската Православна Црква - ОА  г.г Стефан. Во топлиот и срдечен разговор, се разговараше за продлабочувањето на меѓусебната црковна соработка

 
top